Нови мерки за контрола на ширењето на коронавирусот во Белград-казни за непочитување на мерките од пет до шест илјади динари

0
99

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вчера вечер изјави дека состојбата во Белград во врска со коронавирусот е најпроблематична затоа што 82,5 проценти од сите заразени лица се во главниот град, и најави дека Владата на Србија денеска ќе донесе нови мерки со цел да го спречи ширењето на КОВИД-19.

Вучиќ, како гостин на Радио телевизија на Србија, прецизираше дека ноќните клубови и сплавовите ќе бидат затворени од 11 часот до 6 часот наутро, за две недели.

Истото ќе важи и за кафеаните, освен за оние кои имаат градини, рече Вучиќ и додаде дека ќе бидат затворени и студентските домови во Белград, затоа што се заразуваат голем број студенти.

Претседателот истакна дека од понеделник на 6 јули државата ќе наплати казни за оние кои не носат маски во трговските центри, истакнувајќи дека тие казни ќе изнесуваат од пет до шест илјади динари.

Тој посочи дека бројот на собрани лица во затворен простор ќе биде ограничен на 100, со задолжително носење маска и почитување на физичко растојание, а на отворено на 500 лица, потенцирајќи дека ако овие мерки не се доволни, ќе има и други.