Млада скопјанка фатена во тешка кражба

0
919

На 11.04.2020 во 09.30 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Чаир, за време на забраната за движење, ја лишиле од слобода Е.Е.(21) од Скопје.

Таа е лишена од слобода затоа што при извршен преглед кај неа биле пронајдени предмети за кои постои основано сомнение дека потекнуваат од кривично дело „тешка кражба“.

По документирање на случајот, против неа ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.