Мотоцикл удрил директно во џип во Кавадарци

0
194
Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кавадарци во координација со увидна екипа од Министерството за внатрешни работи изврши увид на местото каде денеска се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби едно лице, соопшти Јавното обвинителство.

-Попладнево околу 12:45 часот на крстосница во Кавадарци се судриле мотор „Јамаха“  и  џип „Форд“ со битолски регистарски ознаки. Според првичните сознанија до сообраќајната несреќа дошло откако во џипот кој вртел лево на крстосница од булеварот, удрил моторот кој доаѓал од спротивниот правец. Од силината на ударот со тешки телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот на моторот кои итно биле пренесени на скопските клиники.  Како последица од повредите, возачот на моторот на возраст од 26-години го загубил животот, а неговиот сопатник, 29 – годишен кавадарец е во критична здравствена состојба, се наведува во соопштението.

Јавниот обвинител издал наредби за обезбедување и прибирање траги од лице место и наредба за обдукција на починатото лице. Во насока на расчистување на настанот ќе биде извршено и сообраќајно – техничко вештачење

Извор: република.мк