Девојка од Кочани лажно објавила дека е позитивна на COVID-19, па заработи кривична

0
310
ОВР Кочани до ОЈО Кочани поднесе кривична пријава против С.А.С.(23) од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, предвидено по чл.206 од Кривичниот законик.
Пријавената, на 31.03.2020 година во 16.14 часот на својот Фејсбук профил, објавила лажна вест дека е заразена со коронавирус и ги повикувала сите кои биле во контакт со неа да се тестираат за COVID 19, иако таа не била тестирана.