Денеска гласаат болните од ковид-19 и лицата во самоизолација според посебен здравствен протокол

0
102

Денешното гласање на болните од Ковид-19 и на лицата кои се во самоизолација се одвива според посебно утврден здравствен протокол за заштита. Гласањето ќе се одвива на ист начин како што гласаат болните и немоќни лица, односно избирачките одбори ќе ги посетат домовите на лицата во карантин и самоизолација. Право на глас два дена пред предвремените парламентарни избори имаат само оние лица што се пријавија до општинските изборни комисии за гласање дома. Во ДИК се пријавиле 716 лица.

Гласањето се одвива под посебен протокол, при што членовите на посебниот избирачки одбор носаат соодветна заштитна опрема мантил , ракавици , заштитна стандардна хируршка маска кои ги менуваат по посетата на секој дом.

Граѓаните кои ќе гласаат задолжително носат  заштитна маска и заштитни ракавици и пред да го земат гласачкото ливче задолжително ги дезинфицираат рацете. По завршеното гласање, лицето кое гласа повторно ги дезинфицира рацете.

Во целиот процес на гласање задолжително се обезбедува физичка дистанца од 1,0-1,5 метар.

За прв пат во историјата  Северна Македонија одржува тридневни избори. На 15 јули гласачките места ќе бидат отворени од 7 до 21 часот.