По Велигден, АРМ и во Велес

0
2562

Градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски на денешната прес-конференција информираше за заклучоците донесени на денешната осма седница на Општинскиот штаб за заштита и спасување, меѓу кои и дека идниот вторник по Велигденските празници пред банките, поштата маркетите и Градскиот пазар во Велес за да се спречат гужвите од граѓаните ќе контролираат припадниците на АРМ, во согласност со наредбата на Државниот кризен штаб.

Имајќи ги в предвид искуствата од минатиот викенд, се преземаат мерки и активности за организирање на долгиот полициски час кој претстои и дека со наредба на Државниот кризен штаб на располагање се ставени припадниците на Армијата. Тие после завршувањето на полицискиот час идниот вторник ќе помогнат при одржувањето на јавниот ред и почитување на мерката за држење определено растојание на граѓаните пред влезовите на банките, Градскиот пазар, зградата на поштата и пред влезовите на маркетите, информира Коцевски.

Тој појасни дека сето ова ќе се регулира со донесување на Оперативен план, кој предвидува асистенција и на претставниците на СВР – Велес, АРМ, ТППЕ – Велес и на ЈКП „Дервен“, а со цел заштита на здравјето на жителите.