УХМР со детална временска прогноза за неделава – следува драстична промена

0
286

Времето денес (09.06) ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места нестабилно со пороен дожд, а локално и во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и појава на град. Температурите ќе се движат од 10 до 30 степени.

Во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.

Под влијание на циклонска активност над Апенинскиот Полуостров која се приближува кон нашето подрачје, во наредните денови ќе се задржи нестабилно време со повремени врнежи од дожд. Утре и во среда на повеќе места врнежите ќе имаат пороен карактер во форма на невреме со грмежи, засилен ветер и изолирана појава на град.