6 И ПОЛ МЕСЕЦИ по завршувањето на вонредната ќе важат уредбите за трговските објекти

0
430

Владата на денешната седница ги донесе измените на Уредбата со законска сила за примена на Законот за трговија за време на вонредна состојба согласно која за уште 200 дена од престанокот на траењето на вонредната состојба се применуваат мерките за обезбедување на  редарска служба при влезот и во внатрешноста на трговските објекти, дезинфекција за раце при влез во објектот, поставување на соодветни ознаки со кои се обележува правецот на движење и запазување на минимум потребното растојание при чекање ред на лицата пред и во објектот, како и истовремено пазарување најмногу по едно лице на површина од секои 20 метри квадратни, додека со површина помала од 20 метри квадратни може да пазарува само едно лице, како и обезбедување на заштитна опрема (маски и ракавици) од страна на трговецот за вработените во објектот, кои се должни да ја носат за времетраење на работното време.