Во Корзика се тренираат кучиња кои би откривале лица заразени со КОВИД – 19

0
151

Кучиња трагачи се тренираат во регионот Корзика се тренираат за да наоѓаат лица кои можеби се инфицирани со Ковид 19.

Нивните тренери употребуваат примероци од пот од луѓе заразени со коронавирусот, кои претходно се согласиле да бидат дел од ова испитување.

Мар Анто Коста, пожарникар од Ајачио, вели: „кучињата се познати по нивниот капацитет да препознаат други болести, вклучително и рак, како што се рак на дојка и простата, па дури и дијабетес, иако не е официјално докажано. Она што останува да се докаже е дали молекулот COVID-19 испушта посебен мирис“.

Брис Лева, друг пожарникар изјавува, Едноставно е пластична цевка со која се поставува мирисот, оставајќи молекули кои емитуваат мириси. И, потоа, со овие пластични цевки, ги обучуваме кучињата”.

Ако овој тест е успешен, тогаш без сомнение тоа ќе помогне во масовното откривање на лица заразени со Ковид – 19.