Децата кои растат со сестри се посреќни во животот, покажаа новите истражувања

0
622

Сигурно имало период кога не сте биле во најдобри односи, но без оглед на тоа има нешто убаво во растењето со луѓето кои делеле исти искуства како и ти. Исто така убаво и прекрасно е чувството кога знаеш дека некој секогаш ти го чува грбот.

Иако еднакво ги сакаме своите браќа и сестри (или понекогаш малку фаворизираме некој од нив), новото истражување вели дека веројатно е дека оние кои растеле со сестра се посреќни во животот. Научниците од Универзитетот Leicester’s De Montfort и Универзитетот Ulster во Северна Ирска проучија околу 570 луѓе на возраст од 17 до 25 години. Им поставувале бројни психолошки прашања за бројни теми, вклучувајќи го и менталното здравје, пренесе Женски магазин.

Собраните податоци покажуваат дека учесниците кои растеле со сестри биле поохрабрени отворено да зброуваат за своите чувства, што на крајот давало попозитивен поглед на животот. На прашањето за истражувањето, професорот Тони Касиди вели:

„Изгледа дека сестрите поттикнуваат поотворена комуникација и кохезија во семејството. Меѓутоа, исто така изгледа дека браќата имаат алтернативно влијание. Емоционалното истражување е темелно за доброто психичко здравје, а сестрите во семејствата го промовираат тоа.“

извор: курир.мк