Лео Бокерија-Најпознатиот доктор на светот советува како да се живее долго и здраво!

0
208

 

Можеби најпознатиот доктор на светот, познатиот руски кардиолог Лео Бокериjа го има рецептот за долг живот. Тој ја поби идејата за традиционална дијета и како што вели, се што сме знаеле за здрава исхрана е лага.

„Изреката: Јадете појадок само – е целосна глупост. Кога се будите, вашето тело се навикнува на работна состојба, а вие седнувате на маса и јадете чинија полна со месо, корпа леб и цела чаша со пијалок …. Одите на работа со полн стомак, а тогаш и самите на себе сте си тешки…

Кога работевме со Американските хирурзи, забележав дека големите хирурзи наутро најчесто пијат кафе. Напладне, јадат сендвич и тоа го викаат ручек. По работните обврски се враќаат вечерта дома, јадат нормална храна, пливат во базен, читат и одмараат … Затоа, појадокот дајте го на непријателот, ручајте околу пладне и нормално вечерајте (но не во доцните часови) и на крајот прошетајте пред спиење или вежбајте. Според моето искуство, луѓето кои живеат на тој начин – живеат подолго и здраво!“