Погледнете вечерва во небото: На него ќе засјае Супермесечина (ВИДЕО)

0
104

Вечерва на небото ќе засјае третата полна Месечина во 2020 година, а воедно и првата Супермесечина годинава. Кога Месечината е во ваква позиција изгледа дека е посветла и поголема од стандардната полна Месечина.

Полната Месечина се појавува на секои 29,5 дена кога е целосно осветлена со сончевите зраци, а овојпат го означува почетокот на пролетта бидејќи е последна полна Месечина во зимската сезона.

Индијанците не го бележеле времето со користење на месеци од нашиот календар, туку племињата на секоја полна Месечина ѝ давале прекар за полесно да ги следат годишните времиња и месеците. Едно од најпопуларните имиња за мартовската Супермесечина е Worm Moon или Месечина на црвот.

Тоа е последната полна Месечина во зимската сезона, а името го добила бидејќи времето станува сè потопло па глистите од земјата излегуваат и почнуваат да ја подготвуваат почвата за првите земјоделски работи, најавувајќи дека конечно доаѓа пролетта. Позната е и како Шеќерна месечина, бидејќи тоа е време кога почнува да тече сок од стеблата на јаворите.

Денешната Месечина е првата од три Супермесечини во 2020 година и ќе биде овогодинешната најблиска Месечина до Земјата.

Најполна ќе биде денеска во 18 часот и 47 минути.

Експертите велат дека 2020 година ќе биде навистина посебна што се однесува до небеските феномени, а Супермесечината во април наводно ќе биде уште поспектакуларна и поголема. Во април полната Месечина се нарекува и Pink Moon или Розева Месечина поради розевите цветови кои цветаат во рана пролет.