Брза торта со кокос без печење

0
592

Доколку копнеете по едноставен рецепт кој не само е одличен на вкус, туку и лесно се подготвува, тогаш сте на вистинското место. Сите оние кои се вистински фанови на кокосот, посебно ќе уживаат во вкусот на овој десерт.

Потребни состојки:

400-500 г бисквити
100 мл млеко за потопување на бисквитите
250 мл. млеко 1 кесичка
пудинг од кокос
2 кесички ванилин шеќер
2 лажици путер
1 тегла крем
кокос 350г
2 кесички за шлаг пена
250мл. млеко
1 кесичка за шлаг крема ванила
125 мл млеко кокос за декорација
1-2 пакувања кструдирани топчиња со кокос за декорација

Најпрво подгответе го пудингот од кокос за да имате време да се излади, додека ги подготвите другите состојки.
Во тенџере на оган загрејте го млекото, а во сад на страна добро измешајте го пудингот од кокос, малку ладно млеко и ванилиниот шеќер.
Кога млекото ќе дојде до точка пред вриење додајте ја смесата и константно мешајте со жица за матење.
Кога смесата ќе се згусне, тргнете го тенџерето од оган и смесата префрлете ја во огноотпорен стаклен сад за да се излади.
Горниот дел на пудингот покријте го со хартија за свежа храна, за да го избегнете формирањето на кора на самиот пудинг.
Оставете комплетно да се излади. Во друг сад на страна изматете ги ќесичките за шлаг со млеко во цврста пена и оставете на страна.
Кремот кокос ставете го на топло место за да стане течен, а потоа префрлете го во изладениот пудинг од кокос.
Изматете го пудингот и кремот со кокос со помош на миксер. Матејќи со миксер на ниска брзина додавајте од изматената шлаг пена, додека не добиете изедначен фил. Изберете сад во кој ќе ја наредите тортата.
Бисквитите потопете ги во млеко и наредете еден ред во садот.
Ставете неколку лажици од филот со кокос и измазнете ја површината со помош на шпатула.
Повторно наредете ред со потопени бисквити во млеко, повторно фил и постапката повторете ја додека не ги потрошите бисквитите и филот.
На крајот завршете со ред бисквити потопени во млеко. Изматете ја кесичката шлаг пена со вкус на ванила со млеко и декорирајте ја целата торта.
Вака подготвената торта, оставете ја во ладилник да се стегне минимум 4 до 5 часа или најдобра опција ќе биде да ја оставите преку ноќ.
Но, доколку се брзате и сакате да ја сервирате што поскоро оставете ја во замрзнувач околу 30-40 минути.

На крајот послужете ја тортата со кокос топчиња и свежи гранчиња нане или маточина за уште повпечатлива декорација.